Еволуцијата оди во прилог на оние кои веруваат во Бог, покажало една истражувачка студија, а резултатите биле објавени во британскиот весник “Сандеј тајмс “. Научниците од Универзитетот во Јена Германија, откриле дека општествата во кои атеистите го сочинуваат мнозинството преодредени се на изумирање, додека религиозните луѓе го одржуваат својот опстанок, бидејќи тие и раѓаат повеќе деца. Истражувањето е спроведено низ 82 земји, и открива како во општествата во кои поединци учестуваат во богослужби барем еднаш неделно, се раѓаат две или повеќе деца во семејството, додека кај атеистите тој просек е 1,7 што е подолу и од одржлив просек за стабилност на населението. Во студијата насловена Репродуктивна предност на верата, социологот Михаел Блуме вели дека самата еволуција фаворизира верници, бидејќи верските принципи репродуктивноста ја поставуваат како верска должност.
“Со оглед на малиот број на деца во атеистичките општества, од еволутивен аспект, тие се преодредени на изумирање”, вели Блуме.