Аткинсовата диета потекнува од Америка. Во оваа диета има едно важно правило а тоа е да не се внесуваат јаглехидрати. Карактеристика кај оваа диета е тоа дека штом престанете со внесувањето на јаглехидрати, веднаш започнува процесот на топење на мастите. За едне месец некои имаат изгубено дури 30 килограми, но тоа не е препорачливо. Додека не внесувате јаглехидрати, телото ги троши мастите. Штом внесете леб, некое колаче или било каков јаглехидрат тогаш престанува топењето на мастите. При држењето на оваа диета, смеете да јадете: месо, риба, свеж зеленчук и овошје иако содржат јаглехидрати, но таков вид кој не е опасен за прекинување на процесот на слабеење.
Сета останата храна која содржи јаглехидрат е забранета, а тука спаѓаат: компир, тестенини, леб, ориз, грав…
Аткинсовата диета се состои од три фази. Најпрво, диета. За ова време, во првата фаза која трае првите 14 дена, се ограничува внесувањето на јаглехидрати. Најпрво дозволената количина е 30 гр на ден. За ова време не е дозволено да се внесува млеко, млечни производи, овошје.
Во втората фаза- топење на маснотиите и слабеење треба да експериментирате. Дозволено е внесување на мала количина на јаглехидрати, онаа количина која нема да ви го попречи слабеењето. А тоа најдобро вие ќе го осетите.
И тертата фаза, одржување на постигнатата тежина без јо-јо ефект, полека го зголемувате внесот на јаглехидрати.
Во текот на оваа диета многу важно е да земате витамини: Ц, Д, Е, Б комплекс. За многумина ова е најдобрата диета.