Атланта кобна за Орландо, Лејкерс и Далас закажаа меѓусебен дуел

popara29 април, 20111min00
ooo

Екипите на Далас, Лос Анџелес Лејкерс и Атланта изборија пласман во следната рунда од плеј офот, откако со по 4:2 во победи ги елиминираа екипите на Портланд, Њу Орлеанс и Орландо.

Кошаркарите на Атланта направија мало изненадување во првата рунда од плеј офот во Источната конфернеција елиминирајќи го Орландо со вкупен скор од 4:2. Хокси во неизвесниот шести меч ги совладаа “магичните” со 84:81. Работата ја завршија и Лос Анџелес Лејкерс и Далас Маверикс кои ги елиминираа Њу Орлеанс, односно Портланд Трејлблејзерс и си закажаа пресметка во полуфиналето на Западната конфернеција.

Резултати:
Портланд – Далас 96:103
Атланта – Орландо 84:81
Њу Орлеанс – Лос Анџелес Лејкерс 80:98.

Извор: Спортнет

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag