Авион се урна во сред Луна парк!

1 октомври, 20110
98694

Мал авион се урнал во панорамата во еден луна парк во Олд Бар, кој се наоѓа на 300 километри од Сиднеј. Пилотот и едниот патник во малиот авион “Cheetah S200”, останале заробени во леталото, која по ударот останало да виси на панорамата.

Луѓето кои во моментот се наоѓале во панорамата биле спасени од пожарникари. Повеќе од еден час останале заробени девет годишно момче и единаесет годишно девојче, но пожарникарите успешно ги симнале на земја.

За среќа во овој инцидент никој сериозно не настрадал. Според официјалните извештаи од локалните медиуми, авионот полетал  од пистата која била во близина, не успеал да ја постигне потребната височина и се удрил во панорамата.

httpv://www.youtube.com/watch?v=AQTpqpQGouQ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi