popara19 август, 20111min00
Baalbek-naslovna

Место на Богот на сонцето

Храмовите кои уште на своите нацрти биле поголеми од Акрополот во Атина никогаш не биле довршени. Сепак – според мислењето на Арапите – ангелите и духовите ги здружиле своите сили и се обидувале да ги завршат храмовите на долината Бека – но, не успеале. Војни, земјотреси и човек како најголем факторот –допринеле, посетителите денес да можат да го видат само одблесокот од некогашните величествени градби. Но, она што ќе го видат би требало да им го долови значењето на ова место, кое било посветено на Богот на сонцето.

Раскошот на овие градби се гледа не само во огромниот простор или столбовите (највисоки во цел свет) на Баалбек, туку и во каменоломот на патот кон Зебедани, десет минути оддалечен од градот на храмовите од каде работниците доставувале материјали.

Првобитно долината Бека била посветена на богот Баал – затоа го добил и името Баалбек. Се смета дека на местото каде што е изграден денешниот храм, мора претходно да постоело светилиште, бидејќи кога во третиот век пред нашата ера грчкиот крал на племето Лагиде ја презеле власта во тие делови на Сирија, го споредувале богот Баалбек со својот бог на сонцето кој што го почитувале во египетскиот град Хелиополис.

Хелиополис всушност било новото име за Баалбек – вака бил именуван за време на владеењето на Alexander the Great. Боговите од феничанското време биле именувани со нови имиња. Богот на времето и дождот Хадада го преименувале во Зевс, божицата на природата и водата Атаргатис била преименувана по грчката божица Афродита, а богот на плодноста го поистоветиле со Хермес.

Во наредните векови, па сé до новата ера, овој град повеќе пати ги менувал владетелите. За време на империјата Seleucid веројатно била изградена огромната тераса на која и ден денешен се наоѓаат остатоците од храмот на Јупитер. Пет години, Cleopatra владеела со овој дел на Сирија. На крајот градот бил официјално споен со Римското царство. За време на владеењето на Augustus, бил претворен во покраина. Римските легионери донеле свои богови и повторно се промениле имињата на боговите. Зевс бил преименуван во Јупитер, Афродита во Венера, а Хермес во Меркур.

За новиот бог бил изграден храм во близина на областа на Јупитер.

Храмот на Јупитер, бил сместен централно, а околу него биле распоредени останатите храмови.  Со својата висина од 48 х 88 метри веднаш се издвојувал од останатите. Од вкупно 54 столбови колку што имал храмот Јупитер, денеска можат да се видат само шест. Покрај оваа градба, се наоѓа добро зачуваниот храм кој често бил нарекуван храмот на Венера. Наговата 13 метри висока врата претставува една од највеличествените вакви градби во цел свет.

Просторот во кој се наоѓаат два големи храма е украсен со 240 статуи на богови. Но, и покрај тоа што за време на Римското царство се продолжило со градење на храмови, Баалбек никогаш не бил довршен.

Првата христијанска базилика веројатно била изградена за време на Theodosius I (379-395 година), но уништил голем дел од храмот на Јупитер. Во 643 година, јак земјотрес го уништил и храмот и црквата. Набргу потоа, Арапите, завладеале со Баалбек. Уништиле се, бидејќи им биле потребни материјали за доградување на храмовите. Од разрушените римски храмови, биле изградени арапски градби. Сликите од боговите биле уништени, столбовите биле разрушени.

 

И во наредните векови продолжило со уништување на Баалбек. Оваа градба претставувала круцијална локација во средновековните војни.

Во 1260 година биле уништени сите стари споменици; во 1401 година монгулските групи на Timur навлегле се до Хелиополис. Првите “вести“ за сириското светско чудо, стигнале во Европа за време на крстоносните војни.

Во 1759 година, јак земјотрес повторно ги уништил остатоците од храмовите. Дури кон почетокот на дваесетиот век, почнало повторно будење на Баалбек.

Кралот William II, откако ги видел рушевините за време на едно негово патување во Палестина, наредил веднаш да се започне со обновување. Од 1900 до 1904 година, германските археолози отпочнале со откопување. А, со овие активности продолжиле, Либанските стручњаци.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag