Како Шпанците го пречекаа Папата Бенедикт XVI?! Солидно:)

19 август, 20110
img_606X341_benedict-xvi-180811m

Папата Бенедикт XVI изјавил вчера по пристигнувањето во Мадрид, престолнината на земјата која се бори со сериозна финансиска криза, дека економијата треба да биде во служба на човекот, а не на профитот.

“Луѓето мора да бидат во центарот на економијата, која не претставува профит, туку солидарност”, изјавил Папата на почетокот на четиридневната посета на Шпанија, каде ќе присуствува на собирот на католичката младина од целиот свет.

Поглаварот на Римокатоличката црква го пречекале шпанскиот крал Хуан Карлос и кралицата Софија, а потоа со неговиот специјално наменет автомобил прошетал низ улиците на главниот град на Шпанија, каде што ја поздравил толпата верници, објавил АФП.

Папата пристигнал во Мадрид неколку часа по демонстрациите кои биле организирани против неговото доаѓање во Шпанија, каде толпата демонстранти се пресметале со верниците и со полицијата. Полицијата подоцна соопштила дека осум демонстранти биле уапсени, а 11 лица биле повредени.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi