Баба „Бетка“ ја прошета “невестата” низ Бакингем! Е сега ќе ја научи за правилата и принципите на “фамилијата”:)

popara24 јули, 20111min00
1

Кралицата Елизабета II и војвотката од Кембриџ се прошетаа низ Бакингемската палата за да ја разгледаат изложбата посветена на венчавката на принцот Вилијам и Кејт, која наскоро ќе биде промовирана на јавноста.

Ако не е доволно што морала да следи безброј правила за однесување и манири, Кејт останала зачудена кога нејзината нова „баба“ искоментирала  дека венчаницата не била изложена во вистинско светло . Всушност, Кејт се изненадила бидејќи зборовите на кралицата биле „ова е навистина ужасно“, најверојатно бидејќи раскошниот фустан бил изложен на кукла без глава.

Иако од Бакингемската палата велат дека не коментираат приватни разговори на кралското семејство, магазинот US Weekly објави дека кометарот на Елизабета имал за цел да ја насмее нервозната снаа и да покаже дека кралицата, која има 85 години, има смисла за хумор.

Да се потсетиме, Нејзиното височество навистина се обидува да се зближи со новата снаа. Како што објавивме, таа ги покани својот внук Вилијам и Кејт да ја посетат во Балморал, Шкотска, каде што таа ќе замине на одмор во август.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag