Републиканската конгресменка од Минесота Мишел Бакман објавила дека ќе се кандидира за претседател на САД и дека наскоро и официјално ќе ги предаде потребните документи.
Својата кандидатура Бакман ја објавила на првата дебата за републиканските кандидати, во Њу Хемпшир, како прва жена која објавила дека има намера да влезе во изборната трка за претседател на САД во 2012 година.
Во дебатата учествувале седум републикански кандидати.
Бакман е блиска на радикалното десничарско движење “Чајанк“.
И покрај тоа што има мало политичко искуство, таа станала препознатлива по честите појавувања на телевизија и подготвеност жестоко да го напаѓа актуелниот американски претседател Барак Обама.
Нејзината популарност помеѓу активистите на “Чајанк“ и угледот кој го ужива кај социјалистичките конзервативци, се чини дека таа е вистински предизвик за останатите кандидати.
Извор: Нетпрес