Одржувајте ја вашата коса здрава и сјајна и во текот на летото

14 јуни, 20110
kosa1

Поради изложеноста на штетното влијание од сонцето во денови на косата и е потребна дополнителна нега.

Една од важните работи за заштита е да избегнувате да користите различни производи за нега, обликување и одржување на фризурата. Претрувањето со разни производи, колку и да се квалитетни, само ќе направат вашата коса да изгледа уморно. Доволни ви се еден производ за нега на коса и еден за обликување, по можност да не ги менувате често.

Љубителите на природната козметика можат да направат квалитетен регенератор за коса на база на мед и рузмарин, кој може да се најде во билните аптеки. Земете маслиново масло за база на регенераторот и додадете мед колку смесата да се згусне. Потоа додадете рузмарин, кој претходно треба добро да се измели. Медот ќе и даде сјај на косата, а рузмаринот дополнително ќе го поттикнува растот на ксата. Нанесете ја смесата на главата, покријте ја со капа за тушрање, а потоа и со крпа која претходно сте ја загреале со фен. По 20 минути измијте ја со шампон. При тоа имајте на ум дека мокра коса никогаш не се четка, туку се расчешлува со чешел со големи и ретки запци.

Здравјето ка косата зависи и од количеството на вода што го внесуваме во организмот. Потребно е да пиете барем два литра вода дневно, а тоа ќе влијае добро како на косата така и на целото тело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi