Бакнежи и ерогени зони

Стручњаците ни порачуваат, доколку детално ги истражуваме ерогените зони на нашето тело ни следува секс за паметење. Многу жени веруваат дека поседуваат повеќе ерогени зони од мажите, но вистината е потполно друга. Повеќето од мажите се возбудуваат кога нивната партнерка обрнува внимание и на други подрачја не само на вообичаените. Ако не знаете кои се тие подрачја, не се нервирајте, бидејќи постапката за откривање е подеднакво возбудлива за вас и вашиот партнер. Повеќето мажи и жени сакаат да знаат што е тоа што ги “излудува” нивните партнери. Затоа ке ви откриеме неколку необични ерогени зони. Бакнежот во уста често пати се смета како симбол на љубов, сексуалните согласности и темелот на предиграта. Малкумина од луѓето не го сфаќаат ова како прв чекор на сексот. Бакнежот, лижењето и грицкањето на усните имаат подеднакво ист ефект како кај жените така и кај мажите. Ерогените зони кај мажите најдобро се активираат кога телото е потполно опуштено. Кога главата, челото и областа околу очите ги допирате на вистински начин, они предизвикуваат неверојатни чуства.