Полжав без куќарка или кај нас познат како гол полжав, предизвикал сообраќаен хаос во Дарлингтон – Англија.
Инцидентот се случил минатиот петок, откако семафорите на една од најпрометните раскрсници во Дарлингтон се изгаснале. Тоа придонело за тотален хаос во сообраќајот и неколку сообраќајни несреќи.
Биле викнати инженери да утврдат која е причината за чудниот дефект.
„Полжавот некако успеал да влезе во контролната кутија на семафорите. Да застане на осигурувачот, каде и угинал“ – изјави еден од инженерите.
Во меѓувреме проблемот е решен, семафорот повторно работи, а сообраќајот се одвива нормално.