Опсерваторија Паломар

16 септември, 20110
hale

Најголемиот телескоп на светот

 

На 1.700 m високата планина Паломар во Калифорнија се издигнува една светла, оддалеку видива градба во облик на купола. Во текот на денот 41 m високата купола е затворена, дури во ноќта огромниот полукруг бесшумно се отвара. Тогаш огромниот телескоп на планината Паломар, започнува со “работа“. Со своето огледало од 5 m овозможува да се набљудува вселената како и ѕвездените системи кои се дури две милијарди години оддалечени. Со овој телескоп, може да се види и свеќа која гори на оддалеченост од 30.000 km.

Телескопот претставува релативно нов пронајдок. Првиот телескоп е од седумнаесеттиот век и со него можело да се набљудуваат и истражуваат три месечини на Јупитер и Млечниот пат. Во текот на вековите, луѓето се обидувале да конструираат се поголеми телескопи со леќи (рефлектори). Но, најмногу што успевале било да конструираат телескоп со пречник од 1 m, а леќи со ова големина било тешко да се брусат. Покрај тоа, постоела и опасност да се искриват, бидејќи телескопот е прицврстен само на своите рабови. Поради тоа, уште од поодамна се размислувало да се искористат огледала, со цел да се зголеми опсегот на набљудување. На овој начин настанале огледалните-телескопи (рефлектори), а бидејќи нивното огледало не е како леќите, слободно може да биде поставено и прицврстено по целата површина, а со тоа луѓето биле во можност да изработуваат и со поголеми пречници. Во САД, во 1901 година, било конструирано првото огледало од 60 cm. Во 1917 година, следувало првото огледало со големина од 2,50 m, Хукеров телескоп на планината Вилсон. Тогаш, директор на опсерваторијата Вилсон бил George Ellery Hale (1868 – 1939 година). Негова била идеата да се конструира телескоп со 7,50 m големо огледало, но не дошло до реализација на оваа големина – бил конструиран телескоп со 5 m огледало, чија што изработка била доста тешка. Фондот за донации на Rockefeller ставила на располагање шест милиони долари за овој прокет.

Кога станувало збор за изработка на едно вакво огледало, луѓето немале никакво искуство. Фабриката “General Electric“ направиле примерок од кварцно стако, кој што чинел 639.000 долари, но не било ниту приближно до посакуваниот резултат. Тогаш, фабриката “Corning“, се обидела да произведе огледало од пирекс. Најрво започнале со изработка на помали огледала, па се до планираната големина. Првото леење на стаклото не успеало, бидејќи топлината од 1.350°C ја изобличила материјата. Дури, вториот обид на 2 декември 1934 година, бил успешен.

Огледалото требало да се лади осум месеци, а потоа биле однесени 20 тони тешката плоча во Паседан, па дури тогаш започнале со макотрпното брусење. Во меѓувреме на планината Паломар започнала изградбата на опсерваторијата. Тринаесет години после првото леење, односно во ноември 1947 година, избрусеното огледало било подготвено да се достави во опсерваторијата. Поминаа уште три години, додека огромното огледало од планината Паломар можело да се стави во целосно користење. Со телескопот, тежок 500 тони можело да се започне со набљудување на ѕвездите, а за да започне со работа доволен е еден електромотор со јачина од 60 вати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *