Барбадос е најисточниот остров од Малите Антили. Барбадос воглавно е рамен остров и највисока точка е врвот Хилаби со 340 метри надморска височина. Вкупната површина на Барбадос е 431 километар квадратен каде живеат околу 284,589 жители.
Главен град на земјата е Бриџтаун, кој воедно е и најголем центар. Климата на островот е тропска со дождлив период од јуни до октомври. Вкупната километража на брегот на Барбадос е 97 км. Како дел од природните ресурси, Барбадос располага со петролеум, риба и природен гас. Поради самата позиција во тропскиот појас, Барбадос често е жртва на урагани, кои создаваат поголеми или помали штети на локалното население.
Егзотичната локација на Барбадос, го прави една од најомилените дестинации на Карибите. За разлика од соседните острови кои се вулкански, овој остров е комбинација од варовник и корални карпи чиј што резултат се познатите платинести плажи.
Барбадос има тропска клима. Просечната дневна температура во овој период на годината е 30 степени, а температурата на водата 27 степени.
Релаксирајте се на плажите од бајките, уживајќи во живописните пејсажи, романтични залези на сонце на северниот и јужниот брег; запознајте го богатиот подводен свет, нуркајте, пловете и уживајте во Calypso ритамот и Regge музиката…