Монструм од Полска: Ги силувал ќерките и снимил порно филм со нив

20 септември, 20110
Childhood-Abuse-Victims-twice-As-Likely-To-Suffer-From-Lifetime-Of-Depression

Средновечен невработен човек од Катовице овој викенд бил уапсен, откако неговата сопруга(мајка на седум деца) потврдила дека тој сексуално ја злоупотребувал неговата посвоена ќерка, но и неговата родена ќерка, соопштила полицијата во Катовице.

Посвоена ќерка почнал да ја силува во 2002 година кога таа имала само 11 години, со која снимил и порно филм во траење од 90 минути, а во 2006 година почнал да ја силува и неговата родена ќерка.

“Страшниот случај на инцест го пријавила неговата сопруга. Истрагата веднаш ја започнала полицијата во Катовице”, изјавил за полската новинска агенција PAP, портпаролот на полицијата Јацек Пител.

Таткото монструм (41) им се заканувал со смрт на членовите од семејството, доколку некој каже за неговите злодела, и целото семејство со години го тероризирал.

Известување дека нешто чудно се случува во тоа семејство полицијата добила во 2009 година, од училиштето во кое учеле девојчињата, но исплашената сопруга и ќерка тоа го негирале.

Тој ќе биде обвинет за шест сериозно кривични дела и му се заканува затворска казна во траење од 12 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi