Барселона е главен и воедно најнаселен град во Автономната заедница Каталонија и втор по големина град во Шпанија со население од 1.615 908 жители во 2008 година. Барселона е единаесетта по ред најнаселена општина во Европската Унија и шеста најгусто населена урбана област во Европската Унија по Париз, Лондон, Областа Рур, Мадрид и Милано со население од 4.185 000, 4. 9 милиони жители живеат во метрополитскиот дел на Барселона. Таа се наоѓа на медитеранскиот брег во устието на реките Џубрегат и Базос, а на запад се граничи со гребенот Сера де Колсерола ( 512 м/ 1680 стапки). Барселона е главен економски центар со едно од најзначајните медитерански пристаништа, додека пак Меѓународниот Аеродром Барселона е втор по големина после Аеродромот Барахас во Мадрид. Основан како римски град, Барселона станала главен град на грофовите од Барселона. По спојувањето со Кралството Арагон, таа станала еден од најзначајните градови во него. И покрај тоа што често пати била освојувана во историјата, денес Барселона е значаен културен центар и главна туристичка дестинација со богато културно наследство. Особено добро познати се архитектонските дела на Антони Гауди и Луис Доменак Монтанер чии дела денес се под заштита на УНЕСКО. Од неодамна градот стана познат по Летните Олимписки игри од 1992 година. Седиштето на Унијата на медитеранските простори е сместено во Барселона.
Историја
Постојат две легенди за создавањето на Барселона. Првата легенда се заснова врз тоа дека градот бил основан од Херкул 400 години пред да се изгради Рим , а потоа бил повторно обновен од Картаѓинецот Хамилкар Барса, таткото на Ханибал, кој го нарекол Barcino по неговото семејство, во 3 – от век п.н.е. Втората легенда го поврзува основањето на градот директно со Хамилкар Барса. Околу 15 в.п.н.е , Римјаните повторно го издигнале градот како каструм ( римски воен камп) чие централно место се наоѓало на „Монс Табер“, ритче блиску до денешната општинска зграда ( Пласа де Сант Жом). За време на римското владеење Барселона била колонија наречена според презимето Фавентиа, или целосно Колонија Фавентиа Јулиа Аугуста Пиа Барсино или Колониа Јулиа Аугуста Патерна Барсино. Мела ја спомнува како помал град во областа, веројатно поради тоа што била скриена од соседот Торако (денес Тарагона), но од подоцнежните писатели може да се види дека постепено се збогатувала и го зајакнувала своето влијание. Голема улога за нејзиното зајакнување имала добрата положба и одличното пристаниште. Барселона уживала имунитет од империски рамки. Градот издавал сопствени монети. Некои монети од времето на Галба преживеале.
Неколку значајни римски остатоци се изложени под Пласа дел Реи, на влезот од градскиот музеј Музеу Хисториа де ла Сиутат (Museu d’Història de la Ciutat), и типичниот римски план е видлив во надворешниот изглед на историскиот центар, Бари Готик. Некои остатоци од римските ѕидови биле дел од Катедралата. Катедралата, исто така позната како Базилика Ла Сеу се смета дека е основана во 343 г.п.н.е. Градот бил освоен од Визготите во раниот 5- век, од Мурите во раниот 18-ти век, повторно освоен во 801 година од синот на Карло Велики, Луи, кој ја претворил Барселона во седиште на лозата Карлинги : „Марка Испаника“ тампон-зона раководена од грофот на Барселона.
Контовите на Барселона станале значително независни и ја прошриле својата територија притоа вклучувајќи ја цела Каталонија. Во 1137 година, Арагон и областа Барселона се споиле преку династичко обединување односно со бракот помеѓу Рамон Беренгер IV и Петрониља Арагонска. Титулите на нивните фамилии се споиле во едно со раѓањето на нивниот син Алфонсо II. Тој го наследил престолот во 1162 година. Неговите територии подоцна ќе бидат познати како Круната на Арагон, под чие водство биле освоени многу прекуокеански области. Во 13-от век ова кралство владеело со западниот дел на Средоземното море, од далечните територии Непал и Сицилија па се до Атина. Измамата за династичка поврзаност помеѓу Круната на Арагон и Кастилја го одбележал почетокот на падот на Барселона.
Плажи
Барцелона има седум плажи со вкупна брегова површина од 4.5 km (2.8 милји). Плажите Сант Себастија и Барселонета, се долги 1.100 метри (3610 стапки), и се истовремено најдолгите, најстарите и најпосетени плажи во Барселона. Олимпиското пристаниште ги дели овие две плажи од другите градски плажи: Нова Икариа, Богател, Мар Бела, Нова Мар Бела и Џовант. Овие плажи (чијашто должина изнесува од 400 до 640метри / 1.300 до 2.100 стапки) биле создадени како резултат на градското реконструирање по повод Летните Олимписки игри од 1992, кога многу индустриски градби биле уништени. Денес, песокот на плажите се надополнува од каменоломите порати тоа што големи количества од него се одстранувани од бурите. Форумот на културите од 2004 година го остави градот да се бања во области од бетон во најисточните делови на градот.
Забава и уметности
Барселона има многу места каде се изведува жива музика и многу театар, вклучувајќи го светски познатиот Гран Театре де Лисеу кој претставува и опера и театар. Други познати театри се Националниот театар на Каталунија Teatre Nacional de Catalunya, театарот Џиуре и Палатата на Каталонската музика Palau de la Música Catalana, која е концерт сала. Исто така Барселона е дом на Сонар Музичкио фестивал кој се одржува секоја година во јуни, а националниот синфониски оркестар на Барселона и Каталонија (Orquestra Simfònica de Barcelona i Nacional de Catalunya), познат како ОБЦ) е најголемиот симфониски оркестар во Каталонија. Во 1999 година, ОБЦ го отвори свечено својот нов Аудиториум (l’Auditori). Во него се изведуваат околу 75 концерти во текот на една сезона, а негов сегашен директор е Ејџи Уе. Тој изобилува со возбудлива алтернативна музика, во него свират групи како „Пинкер Тоунс“ The Pinker Tones кој достигнаа меѓународна слава. Годишно две значајни музички фестивали на поп се случуваат во Парк дел Форум (Parc del Fòrum ), сонар фестивал и Примавера Саунд Фестивал. Фудбалот е исто така значаен во Барселона. Нивниот домашен тим се вика ФК Барселона.
Музеи
Барселона има голем број на музеи, кои покриваат различни области и периоди. Националниот музеј на Уметноста на Каталонија поседува добро позната колекција на романескна уметност додека Музејот на современа уметност на Барселона се фокусира на Каталонскта и шпанската уметност создадена по 1945 година. Музејот на Фондачио Хуан Миро, Музејот на Пикасо и Фундачијо Антони Тапиес поседуваат значајни колекции од овие светски докажани уметници.
Неколку музеи покриваат области од историјата и археологијата како Градскиот историски музеј, исторски музеј на Каталунја, Археолошки музеј на Каталунја, Морскиот музеј на Барселона и приватниот Египетски Музеј. Музејот на Еротиката на Барселона е помеѓу нај чудните, додека Космокаикса е научен музеј кој ја доби наградата Европки музеј на годината во 2006 година.
Паркови
Барселона има 68 општински паркови, од кое 12 се историски, 5 се тематски (ботанички) паркови, 45 се урбани паркови и 6 се шумски паркови. Тие варираат од мали паркчиња до големи рекреативни области. Само урбаните паркови покриваат 10% од градската површина(549.7 хектари/1,358.3 акри). Вкупната површина на парковите се зголемува годишно за околу 10 хектари (25 акри) со во однос од 18.1 метар квадратен (195 квадратни стапки) површина парк по жител.
Најголем парк во Барселона е Монтџуик со површина од 203 хектари, и се наоѓа на планината со исто име. По него следи паркот Ситадела (сместен на местото на старата воена тврдина во кој се сместени зградата на парламентот, зоолошката градина и неколку музеи; Неговата површина изнесува 31 хектар/76.6 акри вклучувајќи ја зоолошката), паркот Гуинардо (со површина од 19 хектари/47 акри), Паркот на Гуел (создаден од Антони Гауди; со површина од 17,2 хектари/42.5 акри), Паркот на замокот Оренета, Диагонал Марк Паркот, Нуо Барис Цетралниот парк , Кан Драго спортскиот парк и Поблену Паркот и паркот лавиринт наречен според градинарскиот лавиринт што го има во себе. Дел од паркот Колсерола исто така се наоѓа во градот.
Архитектура
Бари Готик (Barri Gòtic – Готскиот кварт на каталонски) е центар на стариот град на Барселона. Голем број од градбите датираат од средновековниот период, некои дури од Римското населување на Барселона. Архитектурата од Каталонскиот модернизам ( познат под името Art Nouveau во другиот дел од Европа), се развил помеѓу 1885 и 1950 година, и оставил значајно наследство во Барселона. Голем број од овие згради места се прогласени за светски културни споменици. Особено значајни се делата на архитектот Антони Гауди, кои може д се видат низ целиот град. Неговото најпознато дело е огромната, но се уште не завршена црква Саграда Фамилија, која се гради уште од 1882 година, и се уште е финансирана од приватни донации. Во 2007 година беше донесена одлука таа да се заврши до 2026 година. Вселенските временски кули во Подемот на Даркаи е исто така главно базиран на црквата Саграда Фамилија.
Барселона е исто така дом на павилјонот на Миес ван дер Рохе (Mies van der Rohe). Тој бил дизајниран за Меѓународната изложба во Германија од1929 година. Павилјонот е извонредна градба дизајнирана од еден од најпознатите архитекти на 20 век.
Барселона го доби Златниот медал РИБА во 1999 година за нејзината архитектура, за прв пат ( и од 2007 година до денес единствен) пат кога победник е град, а не самостоен архитект.
http://www.bcn.cat/en/ihome.htm – официјалниот веб сајт на градот.