Барселона ќе го пријави Мурињо?

28 април, 20110
sp-murinjo

Коментарите на португалецот по натпреварот ги изнервира луѓето од Барселона, па нивните адвокати подготвуваат тужба. Од Реал пристигнуваат лоши изјави, но ни Барселона не остана должна и констатираа дека Реал не сака да игра фудбал и дека Пепе го заслужи црвениот картон. Мурињо по натпреварот изјави дека Барселона веќе ја освоиле Лигата на Шампионите на срамен начин. “Гвардила е одличен тренер, но би ми било срам да ја освојам Лигата на Шампионите на ваков начин на кој тоа го прави Барса” изјави Мурињо. Тој го обвини и претседателот на Шпанската фудбалска федерација Виљар. “Дали е тој во прашање, или УНИЦЕФ не знам, но Барселона секогаш има помош од судиите. Им честитам на победата мора да е тешко да се има таква моќ” беше ироничен Португалецот. “Тие се плачковци и фолиранти, само се жалат” изјави Адебајор. “Победи судијата, а не Барселона” додаде Чаби Алонсо, додека Касиљас реши да не коментира ид а го држи јазикот за заби. “Ова е срамно за фудбалот, до кога веќе да ќутиме” се прашува Рамос. Од Барселона им порачаа дека се многу подобар тим. “Они никогаш не сакаат да играат фудбал. Излегуваат само да се тепаат и да ни пречат ние да играме фудбал. Судијата требаше да им покаже уште еден црвен картон кога Марсело намерно го нагази педро” смета Џерар Пике. За Давид Виља Барселона е подобар тим. “Бевме супериорни, искучувањето го сврте натпреварот, но Пепе го заслужи црвениот картон” додаде напаѓачот на Барса. Во сличен тон проговори и Чави. “Исклучувањето е оправдано, не знам поради што се бунат. Ние сме подобриот тим, тие искачаат на теренот да ги ловат нашите грешки. Тоа им успеа еднаш во купот не може секој ден. За Мурињо не сакам да зборувам, зборувам само за Барселона” порача плејот на Каталонците.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi