18 месечното бебе потпиша фудбалски договор

Baerke van der Meij од Холандија стана вистинска интернет ѕвезда откако неговиот татко го стави на интернет видеото каде малото бебе дава голови. Малиот Baerke ги намести трите топки, а потоа без грешка даде гол во кутијата за играчки. За само една недела, снимката ја погледнале преку милион луѓе, а го привлече и вниманието на локалниот фудбалски клуб „VVV“ (Venlose Voetbal Vereniging). Неговиот дедо своевремено играл токму за овој клуб, кој сега одлучи со малото бебе да потпише симболичен договор. “На Baerke му е понуден 10 годишен договор, а родителите симболично го потпишаа истиот. Одушевени сме од вештините на малиот, останува само да се определи на која позиција би играл“, се навело во соопштението од клубот.
http://www.youtube.com/watch?v=owW0JBTyfTI&feature=player_embedded