Кина не им дозволува на САД диктирање на политички реформи

28 април, 20110
rre1
Кина никогаш нема да им дозволи на Соединетите Американски Држави да диктираат политички реформи и било каков притисок за човековите права и преговорите за такви прашања ќе бидат однапред осудени на пропаст, пишува “Бета“, пренесува НетПрес.
Овој став произлегува после вториот ден од редовниот годишен кинеско- американски дијалог за човековите права, кој оваа година се поклопува со кампањата против критичарите на владата во Кина.
Кинеската влада нема да ги прифати барањата на САД и тврди дека поголемиот број Кинези се “огорчени“ заради надворешниот притисок во врска со човековите права.
“Бидејќи Кина е суверена земја нема можност да дозволи САД го диктира нејзиниот политички развој“, стои во соопштение за кинеските медиуми во рамки на заедничкиот состанок со САД.
Двете страни размениле “ладни“ пораки во пресрет на овие преговори кои се водат зад затворени врати.
Преговорите на двете земји во врска со човековите права во изминатите години оствариле минимален напредок, а оваа година се очекува дека ќе биде потешко од вообичаено.
Многу активисти за човекови права ја доведуваат во прашање вредноста на ваквите дипломатски разговори.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *