Барселона мора да штеди

23 јуни, 20110
Fc-Barcelona-logo

“Кредитите мора да се враќаат” објасни Росел со порака дека неговиот клуб го чека период на стабилизација кој подразбира штедење. “Мораме да ги израмниме сегашните долгови, банките ни веруваат но никој не ни ги поклонува парите. Ни пренесоа дека долгот е многу помал од оној кој го затекнавме кога дојдовме” додаде првиот човек на Кталонците. Барселона должи околу 450 милиони евра, а ‘пеглањето финансии’ќе подразбере продавање на неколку играчи во следните сезони и намалување на трошоците во преодниот рок. “Имаме 45 милиони плус пари од продажба на играчи кој можеме да ги вложиме во засилувања оваа сезона” додаде Росел. Со фактот што веќе беше вложено во доведувањето на Алексис Санчез, јасно е дека купувањето на Фабрегас веројатно ќе мора да го надокнадат со продажба на неколку млади играч, како што се Бојан, Тијаго, Џефрен, Монтоја, како и неколку постари играчи кој не добиваат права шанса, како што е бразилецот Максвел.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi