Фудбалерот на Барселона, Дани Алвеш изјавил дека не може да ја замисли таа екипа без тренерот Пеп Гвардиола, пренесува денеска “Ел Мундо”.
“Секој има свој круг и сигурно е дека и оној на Гвардиола еднаш ќе се затвори кога е во прашање Барселона. Се надевам дека тоа нема да се случи наскоро, бидејќи не можам да го замислам клубот без него.” – рекол Алвеш.
Бразилецот додал дека играчите имаат “максимална доверба” во Гвардиола.
“Го следиме со затворени очи. Тој е многу интелегентна личност, која секогаш знае што прави. Би било глупаво да не правиме што ќе ни каже, бидејќи не сме глупави, ќе го следиме додека не му здосадиме.” – додал Алвеш.
Извор: Нетпрес