И покрај тоа што и новата понуда е пониска од бараната цена на Арсенал, шпанците се надеваат дека ќе најдат компромис со Арсенал и ќе им биде прифатена новата понуда од 35 милиони евра. Претседателот на Барселона, Сандро Росел изјави дека вкупниот трансфер буџет нема да биде поголем од 45 милиони евра, но сепак според англиските медиуми, шпанскиот шампион е подготвен да одвои дури 40 милиони евра само за Фабрегас. Арсен Венгер ги одбива понудите од Барселона уште од минатото лето и сака да го задржи капитенот, но потребата од средства за нови трансфери, како и огромната желба на Фабрегас да се врати во својот матичен клуб, можеби ќе го предомисли францускиот стратег. Шансите за враќањето на поранешен член на академијата на Барселона кој се пресели во Лондон во 2003-та година, би можеле да се зголемат доколку Арсенал обезбеди негова достојна замена, а како прв на листата се споменува Рикардо Алварез од аргентинскиот клуб Велез Сарсфилд.