Барселона со официјална понуда до Фабрегас

6 јуни, 20110
cesc fabregas

Барселона веќе започна третата офанзива во обид да го донесе капитенот на Арсенал, Цеск Фабрегас, на “Камп Ноу”. Според медиумите од Англија, каталонците веќе официјално упатиле понуда до Арсенал за Фабрегас, која е во вредност од 50 милиони фунти. Во договорот ќе биде вклучен и младинскиот репрезентативец на Шпанија, Тиаго Алкантара. Според некои информации, фудбалерот дури веќе се збогувал со своите соиграчи, откако им го поделил мали подароци при нивната последна средба на крајот на минатата сезона. Сериозен интерес за Фабрегас има и кај тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, но засега “белите” се пасивни во наддавањето за шпанскиот репрезентативец. Барселона повторно се активираше и се очекува овој трансфер да се финализира во блиска иднина.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi