Бегал од полицијата 41 година, му здосадило и се предал! :)

popara14 ноември, 20111min00
1

Човекот кој бил вклучен во една престрелка, успеал да избега, се преселил во Африка, но потоа се вратил во САД , се оженил и запослил во Универзитетот во Мичиген…

Повеќе од 40 години бегалецот Роналд Бридгефорд (67) се криел од полицијата, на крај сам се предал и признал дека ранил еден полицаец за време на престрелка. Роналд на 5 ноември 1968 година учествувал во една престрелка во Сан Франциско.

Дури четри децении тој живеел под друго име како Кол Ле Џордан, а за тоа време завршил факултет и се вработил на Универзитетот во Мичиген. Минатата недела тој дал оставка и заминал да се предаде на полицијата.

„Постапив правилно, се вратив за да ги сносам последиците од своите дела од таа кобна вечер во 1968 година“, изјавил тој. Неговиот адвокат Пол Харис изјавил дека Роналд сака неговите синови да се гордеат со оваа постапка и со тоа каков е нивниот татко денес, а не каков бил на 5 ноември 1968 година.

Таа вечер Роналд испукал неколку куршуми во полициски автомобил, по што еден полицаец бил ранет. По таа вечер, успеал да побегне, а до 1969 година живеел во Африка каде никој не го познавал. Доколку останел во САД многу веројатно е дека ќе го осуделе на доживотен затвор, бидејќи во тоа време Калифорнија имала многу остри прописи и закони.

Сепак тој се вратил во САД, се венчал со сопругата Дајан, а таа била единствената која ја знаела неговата тајна. Тој не се јавувал ни на својата мајка за да не го откријат. Целата своја кариера ја изградил во Универзитетот во Мичиген. Откако се предал, Роналд изјавил дека сега по 41 година, конечно може да си ја види мајка си која има 81 година.

Се уште не е познато каква казна го чека Роналд, иако судиите наводно предвиделе најмалку пет години затвор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma