Скарлет излегува со екс фраерот на Кејт Мос!? Кутрата не ни знае веќе со кого излегува:)))

14 ноември, 20110
81000886

Холивудската ѕвезда Скарлет Јохансон била забележана како се забавува со поранешениот дечко на Кејт Мос, Џеферсон Хак.

Скарлет (26) неодамна ја прекинла врската со актерот Шон Пен, а Џеферсон (40) исто така е без постојана врска, тој неодамна ја прекинал врската со неговата свршеница, моделот Анук Лепор.

Приказните дека тие се во врска, се поддржани од фактот што Скарлет за време на снимањето на филмот “Under The Skin, кој се снимал во Лондон, престојувала во хотел кој се наоѓал близу домот на Џеферсон.

Овој пар кој се познава веќе 10 години, бил виден на концертот на групата “Spiritualized” минатиот месец, а после свирката разговарале долго во ноќта, и одбиле да се фотографираат заедно.

– Тие изгледале многу блиски, изјавил извор кој бил на свирката.

Портпаролот на Скарлет Јохансон го отфрлил наодите дека Скарлет и Џеферсон се во љубовна врска.

– Не е вистина дека парот е во врска. Тие се добри пријатели и повремено одат на вечера или на пијалок, изјавил портпаролот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *