Некогаш најпопуларниот фудбалер во светот, а сега член на ЛА Галакси, Дејвид Бекам искусил како е да седиш од другата страна на аут линијата. Дејвид го искористил слободниот ден и ги однел своите синови Бруклин, Ромео и Круз на фудбалски натпревар. Додека Бруклин играл на теренот, Давид со неговите браќа седел на страна, и силно навивал за својот син.
Дејвид внимателно ја следел неговата игра, а на полувремето му дал и неколку совети. Викторија во меѓувреме била дома и се грижела за нивната ќерка Харпер Севен.