Дејвид Бекам им стави крај на сите недоумици за чудното има на ќерката која ја доби пред само неколку дена. Тој и неговата сопруга Викторија Бекам донесоа одлука нивната ќеркичка да се вика Харпер Севен.
Бекам изјавил дека првото име Харпер, таа го добила по желба на Викторија. Тоа било омиленото старо англиско име на Викторија. А средното име Севен, го добила по желба на Бекам. И додека сите мислеа дека тоа е така затоа што тој го носеше дресот со бројот седум, тој кажа нешто друго. Да можеби и тоа има еден дел во одлуката. Но, бројот седум симболизира духовно совршенство, има седум светски чуда… овој број има току многу значења за мене.