Познатиот фудбалер Дејвид Бекам на социјалната мрежа Facebook постирал фотографија од својата бремена жена Викторија.
Бекам очигледно сакал да се пофали со совите фотографски способности и направил црно бела слика од својата сопруга додека се сонча. Викторија Бекам e во очекување на своето четврто дете, но сепак сака да ги фати последните зраци од сонцето за ова лето.
Горд на својата сопруга фудбалерот ја поставил фотографијата на Facebook со следниот текст : “ја направив оваа фотографија од Викторија додека таа не гледаше. Таа изгледа неверојатно, а веќе толку сме блиску до денот на раѓањето на нашето дете“.