Бекамови ја крстија ќерката

11 јули, 20110
viktoria-i-dejvid-bekam-498

Славниот пар Дејвид и Викторија Бекам својата ќерка ја крстија Харпер Севен. Фудбалерот и неговата сопруга, дури денеска откако се роди вчера нивното дете, смислија име, пишуваат медиумите.

“Многу сум возбуден и горд, што ќе го објавам името на нашата ќерка, Харпер Севен“, изјавил Бекам на својот профил на социјалната мрежа Facebook.

Девојчето се роди вчера наутро во болницата Седарс Синај во Лос Анџелес, а тешка е 3 килограми и 460 грама.

Харпер Севен е прва ќерка за славниот пар, тие имаат три синови, Бруклин, Ромео и Круз.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *