Викторија Бекам откри дека таа и нејзиниот сопруг Дејвид се неверојатно возбудени поради тоа што ќе присуствуваат на кралската венчавка. Викторија, која го очекува четвртото дете во текот на летото ја дала оваа изјава за едно радио заедно со својата колешка од бендот Ема Бантон. “Мислам дека и двете ќе присуствуваме таму и сме многу возбудени“, горди сме што сме англичанки, додала Викторија.