Во Бугарија се роди бебе долго 55 сантиметри и тешко 7,1 килограми, соопштила клиничката болница во Бургас. Мајката го родила бебето со царски рез, а најверојато причината за толкавата големина на бебето е тоа што мајката боледува од дијабетис и хипертонија. Бебето се вика Миглен и е второ дете во фамилијата. Во Бугарија рекордот за најголемо бебе досега го држеше бебто од градот Поморје, кое тежело 6,50 килограми и било долго 57 сантиметри.