Белгиски велосипедист погина на Џиро д’Италија

popara10 мај, 20111min00
pic109442393_600

Џиро д’Италија ја однесе својата прва жртва веќе во третата етапа, откако белгискиот велосипедист Воутер Вејландт го загуби животот по падот на 25 километри пред целта.

Вејландт паднал на спустот Пасо дел Боко кога со левата педала го закачил ѕидчето крај патот, потоа неколку пати се превртел и на крајот останал неподвижен да лежи на асвалтот. Првата помош брзо стигнала додека крв во потоци се слевала крај повредениот велосипедист, а поради конфигурацијата на теренот хеликоптерот на Итаната помош не можел да слета во близина.

За несреќниот Белгијанец повеќе немало спас и покрај обидите на докторите да го оживеат.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag