Белите ајкули секоја година патуваат на летување

7 јули, 20110
beliajkuli

Белите ајкули од Нов Зеланд преминуваат повеќе од стотици илјади километри секоја година за да стигнат до топлите води на Јужниот Пацифик, додека трае зимата на Нов Зеланд, соопштиле научниците од оваа земја.

Научниците кои цели шест години ги следеле овие животни на островот Стјуарт, откриле дека ајкулите редовно, секогаш кон средината на зимата тргнуваат кон исти дестинации, како што се Тонга, Фиџи и Вануату.

По шест месеци ајкулите се враќаат на островот, а некои од нив поради моќниот инстинкт се враќаат токму на истото место од каде тргнале.

Според студијата на Националниот институт за вода и атмосферски истражувања на Нов Зеланд, белите ајкули се најголеми видови на риби и може да пораснат до големина од осум метри.

Малком Френсис главниот научник од овој институт изјавил “ знаеме дека многу од нашите ајкули во текот на зимата мигрираат и патуваат неколку илјади киломтери на тропско летување. Само што сега откривме плус дека тие се враќаат на истото место назад во Нов Зеланд“.

Научниците во април оваа година, открија дека на островот Стјуарт живеат околу 27 бели ајкули, што е три пати повеќе во однос на 2009 година. Познато е дека белите ајкули живеат до 50 години, полека созреаваат и малку се размножуваат. До 10 мали ајкули се раѓаат на секои две до три години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi