Беловишки водопад

14 април, 20110
bv01

Три водопади на Беловишка Река извираат од утробата на Пирибег, претпоследниот врв на долгата Шар Планина во нејзиниот западен дел. Пенливите води ги формираат трите водопади – Горна Скала, Долна Скала и Петачко Водиче. Третиот и најнискиот водопад локалното население го нарекува уште и Враживир. Водите стрмоглаво се спуштаат по речиси непроодниот кањон до тетовското село Беловиште. Оваа ретка природна убавина може да се види на простор од два километра, во вкупна должина од 150 метри. Овие дивини во кои погледот кон небото завршува во испреплетените гранки на огромните дрва, стрмнината по која двата километра до најдалечниот водопад се совладуваат дури со три часа напорен од, љубоморно ги криеле жителите на Беловиште, но и на соседните Вратница, Рогачево, Старо Село и Одри. Планинарите се први кои пред 15 години почнаа да ја освојуваат оваа област и веќе обележаа патека, поставувајќи белези по дрвата од десната страна на Беловишка Река. Мештаните велат дека целиот тој простор, до врвовите на Шара е богат со дивеч – мечки, лисици, волци, дивокози, срни, но и со вистински ендемични растенија, на кои намерникот наидува напролет, кога природата почнува да се буди. Во сите периоди од годината, студената Беловишка Река е обилна со вода, но во исто време и чиста за пиење, иако ни тврдеа дека најголема е во период кога се топат снеговите на Пирибег и околината. Тогаш и трите водопади, чија должина досега никој не ја измерил, се најдолги и најубави, а кршењето на водата прави вистински спектар на бои. Тие три водопади упатените тврдат дека се втори по должина на Балканот.Долна и Горна Скала се доживуваат со поглед оддалеку, дури на стотина метри. Петочко Водиче е на дофат на Беловиште, на само еден километар над селото и до него води оформен поплочен пат. Враживир не е само водопад, каде што по карпестиот дел водата прави скок од приближно петнаесет метри, туку локалитет кој се повеќе личи на туристичка месност.

Патот води покрај селската црква „Св. Богородица“ и за возила завршува на пристапот, каде што посетителот го пречекува оформен простор со уреден базен, црковна трпезарија. Беловишка Река се преминува преку пешачко железно мовче кое води до две цркви „Св. Петка“ и „Св. Јован Крстител“. Сиот овој дел кој зафаќа простор од околу пет хектари го нарекуваат Петочко Водиче. Овде од корените на дрвјата излегуваат многу извори, но еден е не толку голем и насочен кон црквата „Св. Петка“, а велат дека бил лековит, особено за очи. Со децении доаѓале луѓе од многу места што имале проблеми со видот, а жители на Беловиште ќе речат дека „многумина се излекувале“. За овој извор се поврзува и градбата на црквичето.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi