Берлускони: Ќе си одам од оваа посрана Италија!

3 септември, 20110
silvio-berlusconi-2-9-11

Полициските снимки откриле огромна фрустрација кај Силвио Берлускони, а тоа се должи на многуте истраги кои се водат против него во Италија.

Премиерот, според полициски записници, неодамна изјавил дека ќе замине од Италија, нарекувајќи ја “посрана земјата” од која го фаќа мачнина.

Полицијата до овие изјави дошла откако го прислушкувала мобилниот телефон на Берлускони во истрагата поврзана со лицата кои го уценувале дека јавно ќе ги обелоденат сите детали од неговиот бурен сексуален живот.

Вчера во раните утрински часови во елитна населба во Рим бил уапсен Џампаоло Тарантини, кој е главен осомничен во бројните уцени врз Силвио Берлускони.

Италијанската јавноста, сепак, повеќе се занимавала со “црната” изјава на премиерот, за разлика од апсењето на неговите уценувачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi