Берлускони клецка Црногорска манекенка :) А таа „си га воле“ :)

30 септември, 20110
98184

Секаде го следам, каде е тој, таму сум и јас. Нашиот однос не е тајна, но до сега избегнувавме да не фотографираат заедно, изјавила Катарина Кнежевиќ и додала дека таква личност како Берлускони би ја освоила па макар и имал 100 години.

Црногорската манекенка Катарина изјавила за италијанските медиуми дека токму таа е девојка на премиерот на Италија, Силвио Берлускони.

„Јас сум девојката на Берлускони и живеам во Аркор. Заедно сме од мај 2009 година, кога тој се раздели од својата сопруга“, изјавила 20 годишната црногорска манекенка. Италијанскиот премиер има вила во тоа место во близина на Милано. Црногорската манекенка за италијанските весници раскажала дека премиерот на Италија го запознала на еден настан во Милано во 2009 година, кога имала 18 години.

Разликата во годините за оваа манекенка не претставуваа проблем, бидејќи таа кажала дека таква личност како Берлускони да имала и 100 години сепак би ја освоила.

Повеќето млади жени кои учествувале на забавите на Берлускони потврдиле дека таму ја виделе и Катарина, а ја опишале како „опасна лудача“ која врши притисок на Берлускони и со која подобро е да си „немаш работа“.

„Тоа не е точно, сите девојки се љубоморни. Тие сакаат да бидат на мое место, затоа зборуваат за мене се и сешто“, изјавила црногорската манекенка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi