Беше привилегија да се гледаат неговите игри…

8 јуни, 20110
FBL-BRAZIL-RONALDO-CORINTHIANS

“Феномен” ги одигра своите последни минути во дуелот меѓу Бразил и Романија. Едиснтвениот вистински Роналдо синоќа се прости од репрезентацијата. Не постигна гол, но не е важно, испратен е со овации.

Роналдо се прости од репрезентацијата со која освои две светски титули.

Бразилецот кажа довидување од репрезентативната сцена како што му доликува на “Феномен”, човек кој е синоним за една епоха во светскиот фудбал.

Бразил на неговото простување ја совлада Романија со 1-0, стрелец беше Фред, а Роналдо одигра 15 минути, не постигна гол, но сеедно, беше испратен со овации.

“Се извинувам што не постигнав гол, ви благодарам за ваквото испраќање. Вие сте мои навивачи, играв за вас. Плачевте кога и јас плачев, се смеевме заедно тоа е она највредно што ми го даде фудбалот.” – рекол “Феноменот”.

На транспарентите се издвојуваа два натписи.

“Постои само еден Роналдо”, “Роналдо – тоа е Бразил”.

“Горд сум на својот народ, на тоа што сум Бразилец. Ви благодарам уште еднаш, за целото почитување што го покажавте.” – додал Роналдо.

На “Пакембу” стадионот имаше околу 30.000 луѓе, покрај Роналдо била и сопругата Биа Ентони, како и неговите четири деца, Роналд, Алекс, Марија Софија и Марија Алис, а присутни биле и неговите родители.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber