Бев дрогирана и силувана

29 јуни, 20110
naslovna

Ноќта кога бев силувана, започна со забава која беше организирана во моја чест. Бев пред голема животна промена: требаше да се преселам од Белград во Италија, поточно во Милано. Дојдов до пресвртна точка во мојот живот: имав 23 години и сеуште не можев да најдам работа и тогаш почувствував дека е време да се посветам на мојата вистинска страст: уметноста и дизајнот. Сакав да променам нешто во животот, да започнам нешто ново, да свртам нов лист…

Неколку дена пред да тргнам од Белград, пет најблиски пријателки ми организираа вечера во еден ресторан каде што претходно работев како келнерка. Вечерта поминавме прекрасно, опуштено. Во текот на обилната вечера испив две или три мартини. Уживавме во јадењето и во неврзаниот разговор. Конечно, околу 23:30, решивме да одиме на клуб, а јас воопшто не се чувствував пијано. Знам кога ми е доста од алкохол и веднаш штом се почувствувам зашеметеност престанувам со пиење. Во клубот ги почастив пријателите со пиво, а потоа отидов на подиум да играм со мојот најдобар пријател, Вук. По половина час на подиум се вративме на шанк и овде ми пријдоа две момчиња со кои се запознав, а еден од нив ми понуди пијалок.

Данило и Горан изгледаа сосема нормално, а јас сум по природа пријателски настроена личност – немам навика на нељубезен начин да ги откачувам луѓето. Па затоа реков, “добро,” и тогаш отиде Данило до шанк и се врати со три пијалоци: беа жестоки пијалоци, во големи кристални чаши. Го испив својот пијалок, а бидејќи Горан рече дека возење, Данило инсистираше да го испијам и неговиот пијалок. Реков, “Тоа е премногу, навистина не сакам”, но без оглед на тоа ми ја подадоа чашата, велејќи ми: “Ајде, тоа не е толку многу”. Испив околу половина од другиот пијалок. Сега знам дека мора во една од двете чаши да имаше растворено дрога.

Враќајќи се кон подиумот се сретнав повторно со мојот пријател, Вук. Тој момент и уште три или четири секунди беше сé на што се сеќавав кога се разбудив наредниот ден во некој непознат кревет.

“Каде сум?”

До мене лежеше дечко со “име” Горан. Се наоѓавме во некаков стан во непозната улица – ми личеше како дел од клубот каде што бев синоќа, но не бев сигурен. Најлошото беше што единственото нешто на кое се сеќавав беа неколку секунди, во 5 часот наутро, кога имав секс со Горан, додека Данило се обидува да ни се приклучи (а јас го оттурнав).

Сепак, верувале или не, јас навистина не бев свесна дека сум била силувана. Единственото нешто што чувствував беше огромна физичка слабост и болки по цело тело. Тоа не беше обичен мамурлак или нешто слично – тоа беше далеку, далеку полошо. Знаев дека не испив толку многу алкохол за да се чувствувам вака страшно.

Исповраќаната содржина (до мене) беше флуорсцентно портокалова…така некако. Не бев во можност да застанам, имав ужасна вртоглавица…не можев убаво да ги отворам очите. Тогаш почна да ми се тресе цело тело: треперев како да имам треска. Мојата уста беше ужасно сува, но не можев ништо да се напијам. Штом се напив малку вода, почнав да повраќам, како да имав труење од храна.


Веднаш штом собрав доволно сила, го прашав Горан кој е и каде се наоѓаме (во тој момент јас навистина не можев да се сети ниту на своето име). Тој се однесуваше соема нормално…ми одговори дека сме биле заедно цела вечер, а потоа ми ја кажа населбата од градот каде сме, која во истиот момент ја заборавив.

Бев сосема збунета и засрамена – цело време мислев, “Како можев да дозволам да го направам ова? Како можев да завршам во нечиј стан и тоа со двајца мажи кои дури и не ги знам? ” Ми дојде на ум дека можеби ме дрогирале, но кога му реков на Горан: “Мислам дека минатата ноќ ми е дадена дрога која предизвикува амнезија. Јас не се сеќавам на ништо“. Тој само ми одговори:”Навистина? Можеби само си испила повеќе алкохол“.

Подоцна, во разговор со психијатар специјалист за помош на жртви на силување, дознав дека таквата реакција е многу честа појава. Кога се користи овој тип на дрога, жртвата нема идеја што се случило. Бидејќи со користење на дрога силувањето не е извршено на насилно, жената обично смета дека сама себе се довела во ваква непријатна ситуација.

Амнезија

Бидејќи од моментот кога Данило ми го донесе пијалок не се сеќавав на ништо друго, разговарав со пријателите за да се сетам на сите детали од вечерта. Цели два часа на подимуот сум играла со двете момчиња и се изгледало сосема нормално. Вук ми рече дека во еден момент сум го замолила да си одиме, но кога се вратил со капутот ме видел како се бакнувам со еден од нив. Тогаш продолжил да се забавува со друштвото, но се вратил да ме побара уште еднаш, а обезбедувањето му рекло дека сум заминала со двете момчиња, што апсолутно е нешто што не е својствено за мене. Никогаш до тогаш си немав отидено со некого кој само што го имав запознаено!

Дури и не би знаела дека имав секс, ако не се сетев на сликата: седам и се бакнувам со Горан, а Данило ми приоѓа и сака орално да го задоволам. Во тој момент вриснав: “Еј, што правиш?” А потоа се онесвестив во аголот на креветот.

Епилог

Не можам да си објаснам како не сфатив дека стануваше збор за силување. Можеби затоа што се чувствував толку ужасно лошо и болно што одвај успевав да си ги составам мислите. Конечно доцна попладне се почувствував доволно добро за да се вратам дома и да не размислувам на тоа. Горан ме однесе дома до мојот стан. Бев премногу зашеметена за да успеам да ги запаметам улиците низ кои поминавме.

Следниот ден – после 12 часа спиење – додека се пакував, одеднаш застанав и сé ми беше кристално јасно “Вакво нешто никогаш ми се немаше случено. Тоа беше силување“. Се јавив на сестра ми и таа ми рече веднаш да одам во полиција.

Бев како хипнотизирани кога одев до полициската станица, а понатаму се сé одвиваше премногу брзо: ме однесоа во болница, ме испитуваа, ме фотографираа, потоа ми дадоа лек за сите видови на сексуално преносливи болести, разговарав со социјален работник и адвокат задолжен за помош на пациентите. Но, за неколку дена дознав дека е многу мала веројатноста, некогаш да ги најдам двете момчиња кои ме силуваа…како и дека нема да можам да соберам доволно докази за да ги испратам во затвор.

Траги од дрогата што ми беше дадена не постоеше, немав идеја каде ме одведе. Единственото што го знаев беа нивните имиња кои се разбира беа лажни…недостатокот од физички докази, фактот дека останав таму цел ден, беа докази кои на судот ќе можат да се посочат против мене.

Поминав некое време со полициските инспектори кои се обидуваа да откријат каде ме имаа одведено – дури се возевме низ градот за да можам да се сетам, но залудно, ништо не можев да препознаам. Бевме и до клубот со цел да ги погледнеме видео снимките од безбедностните камери од таа вечер, но ги немаа. Сé што правевме беше залудно. Сега сфаќам колку тоа е чест случај и зошто многу жени дури и не пријавуваат дека биле жртви на силување.

Полицаецот ми рече: “Можете да одите во клубот и да видите дали овие момци можеби ќе се појават“. Но, сфатив дека ова само ќе ми го уништи животот. Само сакав да си продолжам со мојот живот, а тоа и го направив. Но, ми беше потребно долго време за да ги победам мислите што ме прогонуваа. После некое време чувствував гнев што дозволив да се чувствувам виновна за ситуацијата…Но, и тоа е многу често чувство во вакви случаи.

Сега, една година подоцна, ми се чини сето тоа многу, многу далеку. Денес работам во областа на модата и уметноста. Целата ситуација од таа ноќ сеуште ме збунува и знам дека никогаш нема да можам да заборавам. Но, се тешам, бидејќи сега знам дека умот е во состојба да ги победи и излечи сите трауми.

Тајното оружје на насилниците-силувачи

Сите овие супстанции можат лесно да се растворат во коктели, а алкохолот дополнително го зајакнува нивниот ефект. Еве што треба да знаете:

Дрога: GHB
Назив и употреба: На англиски познат како”Liquid Х”, “Grievous Bodily Harm”, “Georgia Homeboy”. Тоа е супстанца за смирува на нервите и се користи при проблеми со спиењето.
Како изгледа: Безбојна течност или бел прашок што целосно се раствора во алкохол и не може да се види.
Можните ефекти: Поспаност, вртоглавица, гадење, заматен вид, губење на меморија, повраќање, потење и забавена работа на срцето.Во поголеми дози може да доведе до коматозна состојба или смрт.

Дроги: ROHYPNOL
Назив и употреба: Flunitrazepam или жаргонски имиња се “Roofies”, “Circles”, “Mexican Valium”, “R-2”. Дејствува за смирување на нервниот систем, а во Европа легално се користи за лекување на несоница.
Како изгледа: Таблетка која се раствора во течности. Во земјите каде легално се продава, има облик на триаголник, маслинесто зелени таблети на кои има отпечаток “542“.
Можните ефекти: Поспаност, чувство слично на пијанство, гадење, слаби моторни вештини и тешкотии во движењето, губење на меморија, вртоглавици, заматен вид и вртоглавица.

Дроги: KETAMINE
Назив и употреба Ketamine hidrohlorid, исто така познат како “К”, “Special K“, “Super Acid“, “Cat Valium“. Тоа е средство за смирување кое се користи од страна на ветеринарите.
Како изгледа: Прав или течност која обично се става во алкохол и е сосема незабележлива.
Можните ефекти: Халуцинации, губење на чувство за време и чувство на идентитет, искривена перцепција, моторни слабости, повраќање, губење на меморија, вкочанетост, нејасен говор.

Застрашувачки факти

* Сите можат да предизвикаат губење на меморијата, така што жртвата не може да биде свесна за она што се случило од 8 до 12 часа потоа, а може и никогаш да не се сети на настанот.
* Сите брзо дејствуваат  (GHB за 15 минути, а “Rohypnol” за 30 минути) и брзо исчезнуваат од организмот, за веќе после 8 часа да нема ниту трага од нив.
*Сите три супстанции помешани со алкохол е невозможно да ги почувствувате на вкус, мирис.

Нова опасност

Под терминот “дрога за силување” се подразбира психоактивни супстанции кои имаат хипнотичко и седативно дејство. Овие лекови ја заспиваат личноста – го опуштаат лицета и ја ослабнуваат моќта за свесно расудување.

Како да се заштитите?

* Додека разговарате, танцувате, одите во тоалет или телефонирате, не го оставајте вашиот пијлок.
* На забави не пијте од  големи и отворени садови полни со алкохол.
* Ако некој за време на забава ве понуди со пијалок, одете со него до шанк за сами да нарачате и да си го земете пијалокот.
* Бидете внимателни каде се вашите пријатели и обратно. Ако некој ваш пријател се однесува чудно, премногу пијано, а сепак нема испиено огромна количина на алокохол, одете си заедно од забавата.
*Доколку мислите дека на вашиот пријател му имаат подметнато дрога, повикајте веднаш брза помош и објаснете им на докоторите на што се сомневате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi