Beyonce и Jay Z најверојатно ќе пеат на кралската венчавка

25 април, 20110
beyoncejayz

Брачната двојка Beyonce и Jay Z најверојатно ќе пеат на кралската венчавка која ќе се одржи во петок, јавил денеска Digitalspy. Принцот Вилијам и неговата избраничка Кејт наводно се оргомни обожаватели на музичкиот брачен пар, и како што објавиле некои британски медиуми, пеачите ја прифатиле нивната понуда да пеат на свадбата. “И Вилијам и Кејт се големи обожаватели на музиката на Beyonce и Jay Z “, рекол изворот. “Тие навистина сакаа својот голем ден да го направат специјален, а со што може подобро, ако не со концерт на поп благородништвото т.е. познатиот музички пар од САД.“ Изворот навел дека Вилијам и Кејт прво ќе организираат официјален прием за стотина гости кои се благородници, а потоа помалку формална забава за најблиските. “ Двајцата сакаа да се отргнат малку од традицијата и целиот настан да го н аправат повеќе личен“, додал изворот. Beyonce и Jay Z моментално се во Европа каде пејачката го промовира својот најнов сингл Girls, поради тоа најверојатно тие ќе ја прифатат понудата, а кој би одбил кралска тезга?

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi