Бибер не сакал да стави кондом!! Сакал да осети се?! И да не заборавам чинот траел 30 сек:))) Бреее мажиште:)))

3 ноември, 20110
JustinBieberMariahYeaterStarMagazine625

Иако тинејџерската пејачка ѕвезда Џастин Бибер и неговиот менаџерски тим демантираат дека и направил дете на 20-годишна обожавателка од Калифорнија, Мариа Јитер. Младата девојка на таблоидите им открива сочни детали од нивното “дружење” во бекстејџот. На медиумите им го покажала и тримесечниот син за кој тврди дека е на Бибер, а изјави за медиумите дале и членови на нејзиното семејство.

Јитер раскажува како на 25-ти Октомври минатата година после концерт на Бибер во Стејплс Центарот во Лос Анџелес, двајца телохранители на Џастин ја повикале во бекстејџот. “Веднаш беше јасно дека се привлекуваме. Почнавме да се бакнуваме, а набрзо Џастин ми предложи да отидеме на место каде што ќе имаме повеќе приватност”, тврди Јитер, која тогаш имала 19 година , додека пак Бибер имал 17.

Ме допираше и цело време поворуваше дека сака да ме “клецка” до изнемоштување”

Отишле до купатилото и тој тогаш и рекол дека сака да имаат секс. “Рече дека сака да води љубов со мене и дека ова ќе му биде прв пат. Само влеговме внатре неговиот карактер драстично се промени. Ме допираше и постојано кажуваше дека сака да ме “клецка” до изнемоштување. Го замолив да стави кондом, но тој не сакаше. Тврдеше дека ова му е прв пат и сака се да почуствува”, раскажа Јитер и додаде дека односот бил краток- траел околу 30-тина секунди.

Јитер вели дека на Бибер му било непријатно поради прераната ејакулација. “Веднаш се облече и не ми одговори на моето прашање дали ќе се видиме повторно, иако пред односот ми збореше дека ќе ми го даде неговиот број после сексот и дека сака да ме види на сите негови идни концерти и за тоа ќе ми даде пропусница за бекстејџ” .

Прво па машко

Ако се вистинити тврдењата на оваа 20-годишна девојка, тогаш во случајот на Бибер важи она познатото. “Прво па машко”. Јитер вели дека синот го родила точно 36 недели и 2 дена после односот со Бибер. Вели дека во тој период немала секс со никој друг, така да е сигурна дека детето е на Џастин. Наведе и дека откако дознала дека е трудна пробала да го исконтактира пејачот преку неговите претставници, но не добила никаков одговор.

Јитер поднела судската тужба до Врховниот суд во Сан Диего, и во неа барала финансиска подршка од Бибер, која според одредени амерички медиуми би изнесувала околу 1 милион долари. Јитер тврди дека тест за татковство и официјално би докажало дека Бибер е таткото на нејзиното дете. Судското сослушување е закажано за 15 Декември. Тимот на Бибер вели дека тужбата се уште не ја примиле, а ваквите изјави на Јитер ги оценија како штетни и злонамерни.

Во медиумите се огласи и дедото на 20-годишната Марија, Еди Маркхаус, кој тврди дека неговата внука е “искрена и добра личност, која никогаш не би измислила такво нешто” . ”Има големо срце, добро дете е и стварно го сака своето бебе” изјавил дедото на Марија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş