Бидете здрави, јадете капини

popara25 јули, 20111min00
kapini

Знаете ли дека капините се вкусно овошје кое има благотворен ефект на многу здравствени проблеми?

Капините содржат многу витамини, растителни влакна и флавоноиди кои ги прават многу здрави. Покрај тоа, можат да се користат за правење на разни сокови и мармалади, но секако и да се јадат свежи и од листовите да се направат чаеви. Чајот од капини го намалува крвиот притисок.

Виното од капини е богато со витамини и минерали и е добро за борба против анемија. Анемијата настанува како резултат на недостаток на железо во крвта. Виното од капини треба да го пиете еднаш на ден во мали количини, половина час пред јадење. Тоа делува и кај дигестивните проблеми, циркулацијата, изнемоштеност, регулирање на притисокот и зајакнување на имунитетот.

Сирупот од капини можете сами да го направите. Потребни се 2 кг капини, 6 децилитри вода, 1 кг шеќер и 3 лимони. Капините иситнете ги во блендер. Водата варете ја и во неа додадете шеќер и варете додека не добиете шеќерен сируп. Потоа, сирупот прелијте го преку капините и додадете го сокот од лимони и оставете да стои неколку часа. Потоа сето тоа заедно испасирајте го и прелијте го сирупот во шише.

Од капини можете да направите и многу мармалади и десерти. Доволно е само малку фантазија и ова вкусно и здраво овошје да биде на вашето мени речиси секој ден.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag