Проституција и во Црна Гора! А кај нас :(

25 јули, 20110
Diamong Girl - Photo Courtesy of Johnson Yachts-680

Проституцијата на јахти цвета и во Црна Гора, пишуваат денеска подгоричките весници и наведуваат дека атрактивни девојки се чести гости на сексуалните забави на море, кои наводно ги испраќа белградска агенција за придружба, чија пак сопственичка е познато име во светот на модата и естрадата.

Цените се движат од 500 до 3000 евра за ваков тип на викенд забави.

Наводно аранжманите се договараат преку веб сајт, каде агенцијата потоа одбира девојки, а потоа доаѓа авион најчесто на подгоричкиот или дубровачкиот аеродром да ги земе девојките или пак луксузни автомобили, за потоа да ги однесе на јахтите.

Изворите наведуваат дека најбарани придружби биле манекенки кои најчесто се од Белград, но и помала понуда н а елитни проститутки од Хрватска и БИХ.

Таканаречените агенции за модели и манекенки често ангажираат и девојки од Црна Гора, додека за богатите руси на јахтите се носеле девојки од нивната земја.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *