Бијонсе носи девојче: Била воодушевена што ќе има ќерка:)

28 октомври, 20110
beyonce-normal

Бијонсе носи девојче, откриле нејзините блиски пријатели. Кога го открила полот на детето, таа била воодушевена, изјавила дека сака нејзината ќерка да биде многу блиска со нејзе, исто како што таа е блиска со нејзината мајка Тина. “Таа беше воодушевена и многу возбудена, бидејќи сака да имаат ист однос со неа како што таа има со нејзината мајка”, изјавил анонимен извор, наводно, близок на пејачката.
Откако дознала дека ќе има девојче, Бијонсе веднаш тргнала во шопинг. “Досега купила еден куп облека за бебето.  Пејачката неодамна сама се огласила дека бременоста добро и напредува, и дека не се плаши од мајчинството. “Не сум нервозна, бидејќи се случува во вистинско време. Имав чувство и за бракот кога му е вистинско време, и сега кога ќе добиеме бебе, го имам истото чувство. Ние не брзавме и сега сме благословени од сето она што ни се случува”, изјавила Бијонсе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi