Благодетите на пивото – омилениот пијалак на мажите :)

popara25 октомври, 20111min00
pivo

Освен тоа што совршено ја надополнува атмосферата на гледање фудбалски натпревар, пивото има и други позитивни ефекти врз човечкото тело.

Пивото помага при ментална активност: Умереното конзумирање на алкохол може да помогне и кај когнитивните функции, покажуваат последните истражувања. Според нив, жените кои консумираат до две чаши пиво дневно, имаат 20% подобри резултати во проценка на когнитивните функции во однос на жените кои не пијат алкохол.
Пивото го хидратира организмот: Во лето, пивото е совршен начин да го хидратираме наштео тело. Според некои научници, пивото може да го хидратира човечкиот организам подобро и од водата.

Пивото го намалува холестеролот: Научниците докажале, дека хмељот, кој дава горчлив вкус на пивото, е добар извор на полифеноли, супстанци кои го намалуваат ризикот од појава на рак и го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Пивото штити од остеопороза: Според истражувањата, голем дел од пивата содржат доволно материи за да ги одржуваат коските здрави и да ја задржат нивната густина, а со тоа и штитат од остеропороза.

Други студии покажуваат дека жените кои пијат пиво од време на време (најмногу до 2 пива дневно), имаат многу поголема густина на коските, отколку оние кои се држат подалеку од пивото.

Пивото го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања: Пивото има својство да ве штити од кардиоваскуларни заболувања, ако се пие умерено. Последните истражувања  покажаа дека љубителите на пивото и на другите алкохолни пијалаци, имаат 40 до 60% помала веројатност да доживеат срцев удар.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag