Богаташите плаќаат милиони за да се запознаат со Кејт и Вилијам

9 јули, 20110
1B1F5427

Принцот Вилијам и Кејт вчера беа во официјална посета на Лос Анџелес каде ќе останат само три дена, а ќе соберат донации од неколку милијарди долари.

Вчера го посетија британскиот амбасадор и  присуствуваа на приемот во конзулатот каде  се запознаа со американски политичари, луѓе од филмската индустрија, филантропи и бизнисмени.

Во сабота, денес Вилијам и Кејт ќе се претстават пред јавноста и пред калифорниските милијардери на добротворен поло меч кој ќе се игра во клубот “Santa Barbara Polo $ Roket“. Сите заинтересирани може да ја бранат бојата на еден од трите тимови за ’само’ 60.000 евра. Цената на ВИП картите за натпреварот е 2.500 евра, а стандардната карта е 250 евра. Извори блиски на парот предвидуваат дека поло мечот ќе обезбеди приход од околу три милиони евра, кои ќе бидат донирани во добротворната организација на Вилијам и Хари. Принцот Вилијам ќе игра за тимот што го спонзорира произведувачот на виски “Ројал Салут“, а во тие цели компанијата донирала 100.000 евра. Коспонзор на тимот е автомобилската компанија “Ауди“ која што за кралскиот пар обезбедила најнов модел на лимузина “Ауди А8“ со која ќе се повозат по стадионот.

Меѓу славните гости се Барбара Стрејсенд, Никол Кидман, Џенифер Лопез, Том Хенкс, Стивен Спилберг, Мартин Скорсезе, Мајк Кејн и Ентони Хопкинс.

Во недела, во вилата на американскиот милијардер, продуцент и сопственик на рагби клубот “Њујорк џајентс“, Стив Тиш ќе се соберат околу 40 најбогати луѓе на светот за да се запознаат со војводата и војвотката од Кембриџ. Запознавањето ќе ги чини 60.000 евра. Собраните пари ќе бидат уплатени на сметка на хуманитарната организација “Туск Труст“ за заштита на дивите животни во Африка.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi