Болеста може да се види на лицето

popara15 јуни, 20111min00
Natural Beauty

Очи

Виснати капаци може да укажуваат на мозочен удар и во ретки случаи рак на бели дробови. Црвенилото во очите најчесто е безопасно, но сепак ако приметите дека белките во окото ви се често црвени, тоа може да биде поврзано со зголемен крвен притисок или висока температура. Црвенилото во очите може да биде последица од воспаление на рожницата на окото или алергиски конјуктивитис.

Треперењето на окото се јавува поради зголемен стрес. Доколку оваа состојба трае подолго од седум дена може да укажува на мултиплекс склероза.

Белиот прстен околу ирисот може да биде знак на зголемен холестерол. Ако по рабовите на очните капаци или на кожата околу очите се јавуваат мали, бели точки, тоа се наслаги на холестерол.

Бледи капаци се знак на анемија. Недостатокот на железо може да се открие во усната празнина и на образите. Симптоми на анемија се слабост, несвестица и чувство на студ, а се открива со едноставна анализа на крвта.

Кожа

Црвенило на лицето може да укаже на срцеви болести, лупус или менопауза, кога станува збор за жени.

Потечено лице може да биде знак на нарушена тироидната жлезда, а кога таа е забавена, вашиот метаболизам се успорува. Ова може да доведе до зголемена телесна тежина, која  може да се види и на лицето.
Болна и сува кожа на предизвикува чешање е обично симптом за екцем. Сепак, одредени лекови може да предизвикаат чешање и чувство на непријатност на кожата.

Усни
Суви, испукании болни усни, може да значи дека ви недостасува железо во крвта. Друга можна причина за ова е шеќерната болест, која ги следи и жедта, заморот и чести посетувања на бањата.

Нос
Сува кожа околу носот може да укаже на розацеа. Оваа хронична болест често се јавува поради застојот на крвните садови на лицето. Носот тогаш станува отечен. Лекарите препорачуваат да се избегнува сонце, зачинета храна и алкохол.

Уши
Тумор – бениген или малиген – во ушниот канал или внатрешноста на увото може да предизвика промени на обликот или е искривување

Ако забележите некоја од овие промени, консултирајте се со вашиот доктор веднаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag