Севе ја кажа среќната вест за магазинот Глорија. Таа изјавила дека едвај дочекала да поминат три месеци за да ја соопшти среќната вест дека е трудна. Оваа вест ги израдувала и неа и српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, кој за прв пат ќе стане татко.
Чудно е што таа пред неколку дена го објави најновиот видео запис за песната “Бред Пит”, каде сите кои ја видоа и завидуваа на убавата линија и тенкиот струк.
Тие изјавиле дека ќе живеат во Сплит, а за свадба не размислуваат сеуште.