Земала кредит за да го убие синот…Бог да чува од вакви мајки:(

4 август, 20110
309997914_dd22ee2b90

Полицијата во Русија уапсила Московјанка која земала кредит за да го финансира убиството на нејзиниот син, изјавиле Руските истражни органи.
Како што е наведено во соопштението, 47-годишната мајка била “во многу лоши односи” со 21-годишниот син.
Жената се одлучила на овој чин поради тоа што синот не и ги вратил парите од купениот компјутер, со што решила да му се одмазди ангажирајќи платени убијци. Жената отишла во банка и подогнала кредит во висина од 12. 430 € колку што било потребно да ги исплати убијците.
Мајката била уапсена откако еден од платениците кои биле ангажирани сепак се предомислил и ја пријавил жената во полиција. Таа била уапсена во моментот кога му плаќала на наводниот убиец на нејзиниот син.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *