ВИДЕО: Бомбашот од Сиднеј уапсен, а неговата ќерка ослободена

6 септември, 20110
89896

Во зградата на Основниот суд во Сиднеј завршила заложничката драма во која средновечен човек тврдел дека имал бомба, а како заложник ја земал неговата 11-годишна ќерка.

Полицијата околу 08:50 часот по локално време го евакуирала централниот дел на Сиднеј каде што се наоѓал судот, бидејќи мажот влегол во една од судниците и побарал лице за кое службениците утврдиле дека не работи во судот.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=a3enuyzCFiA

Средновечен човек на возраст негде околу 50-тина години, во придружба на својата ќерката, влегол во една од канцелариите и побарал да се види со човек кој бил непознат за вработените, потврдиле очевидците, а пренесува AFP.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=5xz7jH5I3N0

Специјалните полициски сили за кратко време ја опкружиле судницата, а таткото киднапер успеал да скрши еден од прозорците и да стави судиска перика на главата.

Драмата завршила така што полициските сили влегле во судницата и го уапсиле киднаперот, а неговата ќерка била ослободена.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi