Пејачот на U2, Боно изјавил за американските медиуми дека бил преплашен кога требало да ја запознае пејачката Алиша Кис. Боно изјавил дека и се восхитува и дека има лавја енергија: “. Се тресев како стап. Со страв го чекав моментот кога ќе ја запознаам”.
51-годишниот пејач Алиса ја запознал пред 10-тина години кога заедно ја снимиле песната за хуманитарниот концерт на Марвин Геј “Going on”. Алиша Кис има 13-месечен син со продуцентот и рапер Свиз Битз, и редовно е ангажирана во нејзината добротворна организација “Keep a Child Alive”, која обезбедува помош на заразените лица со ХИВ во Африка и Индија.
Боно продолжил со комплименте: “Алиша нема да дозволи друга мајка да страда. Сите имаат срце, но за она што таа го работи треба да имате и памет. Мора да бидете остар и да размислувате стратешки. Парите мора да се потрошат мудро и корисно.