Борнов идентитет во Англија, ама во живо:). Чик погоди, кој сум јас:)?

popara24 август, 20111min00
nepoznat

Минатата среда човек со очила за сонце, кутија цигари и бастум влегол во болница во градот Деал и побарал помош од лекарите, велејќи им дека се разбудил на плажата со главоболка и амнезија. Тој заборавил кој е тој, од каде е, од каде потекнува неговото семејство и роднини. Британската полиција го истражува мистериозниот случај.
Тие ја објавиле негова слика, со цел да биде препознат од страна на некој кој го знае. Тие го опишале како Британец во доцните 50-ти години, со крупна градба на телото, и дека бил облечен во фармерки Wrangler и бела кошула. Досега никој го нема пријавено неговото исчезнување.

– Тој тврди дека се разбудил на плажа, и од локалните минувачи побарал да му кажат каде е најблиската болница. На него немало видкиви повреди, само се жалел на главоболка, изјавил портпаролот на полицијата за Daily Mail.

Случајот потсетува на човек кој талкал по плажите во Кент во 2005-та година. Тој бил одведен во болница каде му дале парче хартија за да ги напише своите лични податоци. Наместо тоа, тој нацртал пијано и неговиот механизам. Социјалниот работник го одвел до пијано, каде што тој засвирил класичната музика. Кога за неколку месеци се вратила неговата меморија, испаднало дека се работи за Андреас Грасл од Германија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma